Утрински Весник
Македонија

СВР-Струмица апелира за строго почитување на мерките за забрана за движење

СВР-Струмица апелира за строго почитување на мерките за забрана за движење

Струмица, 8 април 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи-Струмица упатува апел до сите граѓани на подрачјето строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана на движењето, почнувајќи од денеска, од понеделник до петок во временскиот период од 16:00 до 05:00 часот наредниот ден, а за време на викендот од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник, како и забраните за граѓаните над 67 години старост и за младите до 18 години, информираат од полицијата.

– Се забранува собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и површини. Апелираме граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат на јавни места и површини (банки, маркети и слично), стои во информацијата.

Се додава дека сите оние кои ги прекршуваат донесените одлуки на Влада и дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, доколку пак се утврди дека сторената активност има елементи на прекршок ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против сторителот.

Во информацијата се наведува дека МВР-СВР-Струмица не издава дозволи за движење за време на забрана за движење на населението и се потсетува дека дозволи издава Министерството за информатичко општество и администрација, додека надлежноста на полицијата е во спроведувањето на мерките и препораките на Владата на РСМ.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер