Утрински Весник
Македонија

Во Куманово продолжува дезинфекцијата, се дистрибуираат пакети за ранливи категории граѓани, исцртани линии пред банки и пошти

Во Куманово продолжува дезинфекцијата, се дистрибуираат пакети за ранливи категории граѓани, исцртани линии пред банки и пошти

Куманово, 8 април 2020 (МИА) – Тимовите на општинскиот кризен штаб, во кој се вклучени речиси сите јавни претпријатија од градот и противпожарната единица, продолжуваат со интензивна дезинфекција на јавно прометните површини во Куманово согласно распоредот, при што се опфатени урбаните заедници, руралните средини (села и приградски населби), објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Воедно, екипи од повеќе тимови вклучени се во дезинфекција на зградите во градот.

Димитриевски информираше дека продолжува и дистрибуцијата на прехранбени и хигиенски пакети за ранливи категории граѓани. Екипите на Општинскиот кризен штаб, Црвениот Крст и Армијата доставуваат пакети за социјално најзагрозените семејства во Општина Куманово.

-Телефони за пријавување се 075-323-569, 075-207-126, 077-719-494. Во случај нашите служби да не одговараат поради презафатеност на дежурните телефонски броеви, ве молиме испратете смс порака со име и презиме, адреса и телефонски број за контакт, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Тој информира дека вчера екипи организирани од кризниот штаб ги обележале местата за чекање пред банки, пошти, со минимум два метра дистанца.

Ве молам почитувајте ги сугестиите и редот кој го бараат редарите на штабот и припадниците на МВР и АРМ од вас. Се работи за ваша и заедничка заштита, повика кумановскиот градоначалник. ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност