Утрински Весник
Спорт

ФИА ја продолжи задолжителната пауза за тимовите во Формула 1 на 35 дена

Намалување на платите во Формула 1

Париз, 8 април 2020 (МИА) – Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ја продолжи задолжителната пауза за тимовите во Формула 1 и производителите на мотори од 21 на 35 дена во врска со пандемијата на коронавирус, пренесува официјалната веб-страница на организацијата.

Во соопштението на официјалната веб-страница на ФИА се вели дека одлуката е одобрена од стратешката група Формула 1 и ратификувана од Светскиот совет на ФИА.

Екипите на Формула 1 престанаа да работат на 30 март.

Забележано е дека за понатамошните активности ќе се дискутира со раководството и екипите на Формула 1, земајќи го предвид развојот на состојбата со пандемијата на коронавирус. зс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина