Утрински Весник
Македонија

Се ограничува работењето на градските пазари во Битола

Се ограничува работењето на градските пазари во Битола

Битола, 8 април 2020 (МИА)Општинскиот кризен штаб во Битола одлучи да го ограничи работното време на двата градски пазари со кои стопанисува ЈП „Пазари“.

Според донесената одлука градскиот пазарен простор ќе биде отворен од понеделник до петок во терминот од 6 до 14:30 часот.

Општинскиот кризен штаб (ОКШ) ги повика сите економски оператори и маркети на територијата на Општина Битола кои се регистрирани за онлајн продажба да се пријават во ОКШ за да добијат дозвола за достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на полициски час односно во деновите сабота и недела.

За време на викендот единствена дежурна аптека во градот ќе биде аптеката „Роса Вита БТ“ која е во непосредна близина на Здравствен дом во Битола, а на повик ќе реагираат волонтерите од Црвен крст.

Од Општинскиот кризен штаб информираат дека в сабота со посебен оперативен план ќе се врши дезинфекција на јавните површини во градот и истата ќе ја реализираат битолските јавни претпријатија, помогнати со механизација од населението во руралните средини и рачни пумпи за прскање од РЕК Битола.мт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава