Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Утрово, во 04.30 часот во СВР Скопје, А.Ѓ. вработен во Затвор Скопје пријавил дека во притворско одделение во Затвор Скопје бил пронајден починат А.Е.(47), од с.Горна бела црква, ресенско. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.
На 07.04.2020 во 14.30 часот во Полициска станица Центар од Меѓуопштински центар за социјална работа било пријавено дека од домот се оддалечила нивната штитеничка Љ.Д.(17) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 07.04.2020 во 11.30 часот на ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Скопје, патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од З.Ѓ. (42) од с. Д. Седларце-тетовско и патничко возило „мини“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.П.(50) од Скопје. По незгодата, возачот на патничкото возило „фолксваген“ бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани повреди. Увид на местото на нeзгодата извршила екипа од СВР Скопје.
На 08.04.2020 во 04.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била донесена К.Д.(22) од Скопје, која околу 02.20 часот се повредила додека извршувала работни задачи во фабрика во Скопје, при што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.04.2020 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(28) и Х.П.(59), од една страна, и Н.Т.(37), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Р.(34) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 4 од Кривичниот законик на РСМ. Имено, пријавениот на својот профил на социјалната мрежа “Фејсбук“, во текот на 29, 30 и 31 минатиот месец, објавил слики на високи претставници на Владата и лидер на политичка партија, проследени со коментари со заканувачки пораки. Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презмени се службени дејствија и идентификуван е корисникот на профилот – С.Р., односно констатирано е дека станува збор за профил којшто му припаѓа на пријавениот.
На 07.04.2020 во 15.30 часот во СВР Скопје, Г.А.(39) од Скопје пријавил дека на паркинг кај бензиnска пумпа на ул. „Перо Наков“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
На 07.04.2020 во 23.05 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Единство“ во Крива Паланка се случила физичка пресметка помеѓу непознато лице и Е.С.(27) од Крива Паланка, во која непознатото лице употребило нож и му нанело повреда на Е.С. Се преземаат мерки расчистување на случајот.
На 07.04.2020 околу 14.00 часот во СВР Скопје, З.С.(48) од с.Ракотинци пријавил дека пред маркет во с.Марков Манастир, поради меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат со стап од Љ.Ш.(30) од с.Елово. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член.12 од ЗППЈРМ.
На 07.04.2020 во 20.20 часот, Б.А.(59) од гостиварско Зубовце во СВР Тетово пријавил дека додека излегувал од домот бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(53) од с.Голема Речица, тетовско, и Р.Л.(25) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.02.2020 во Тетово на ул.„Илинденска“, пред угостителски објект, првопријавениот, кој бил во друштво со Ф.Х.(38) од Тетово, започнал расправија со Р.Т.(44) од Тетово, а второпријавениот физички го нападнал со тврд предмет кој го држел во рака. Причина за нападот е претходна расправија околу случена сообраќајна незгода помеѓу Р.Т. и Џ.Л.(26) од с.Голема Речица, која била внука на првопријавениот и сопруга на второпријавениот. Потоа, оштетениот од страна на Ф.Х. со возило бил префрлен во Клинички центар Тетово за укажување на лекарска помош.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ќ.(32) и С.Х.(19), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. На 08.03.2020 вработени во шумската полиција од СПШ Прилеп, на место викано „Дервен“, забележале возило „опел“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревни букови дрва и во кое се наоѓале пријавените. При обид за сопирање на пријавените, истите со возилото се оддалечиле од местото на настанот, при што полицајците биле спречени во службените дејствија од првопријавениот. ир/