Утрински Весник
Македонија

Во Населбата Стопанство во Градско поставена нова линија улично осветлување

Во Населбата Стопанство во Градско поставена нова линија улично осветлување

Велес, 8 април 2020 (МИА) –  Општина Градско во својата населбата Стопанство во Градско вчера постави нова линија за улично осветлување во должина од 500 метри.

Како што денеска информираат за МИА од Општина Градско, за таа намена се поставени 10 дрвени столбови со улични светилки.

– Конечно, жителите од оваа населба добија квалитетна услуга, безбеден пристап до своите домов,посочуваат од Општина Градско.

Имено, оваа населба е со 30 домаќинства и околу 200 жители претежно од Ромската заедница.

Како што најавија од Општина Градско оваа Населба на Градско наскоро ќе добие и канализација.

Тие информираат дека Министерството за транспорт и врски веќе ја распишало јавната набавка за избор на најповолен изведувач на градежните работи за изведба на канализациона мрежа во населбата.

Овој проект Општината Градско во соработка со Министерството за транспорт и врски во вредност од 7 милиони и 275 илјади денари ги обезбеди од Европската инвестициона банка.

Од Општина Градско, најавуваат дека најдоцна до крајот на април треба да се избере најповолниот изведувач и да започнат градежните работи.

Тие потенцираат дека со тоа и оваа населба „Стопанство“ на Градско после 70 години ќе добие и канализациона мрежа, а со што ќе се овозможат пристојни услови за живење на месното население.ад/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути