Утрински Весник
Македонија

Спасовски го честиташе Денот на Ромите: Различностите се наша предност

Спасовски го честиташе Денот на Ромите: Различностите се наша предност

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска го честиташе 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, на припадниците на ромската заедница во земјава.
– Нека ни е честит Меѓународниот ден на Ромите. Со одбележувањето на овој празник правиме уште еден заеднички чекор на најдобар можен начин да ја промовираме и практикуваме нашата стратешка определба за изградба на концептот „Едно општество за сите“, по углед на големата европска идеја – Обединети во различностите, наведува Спасовски во честитката.
Истакнува дека различностите во нашето општество ги сметаме за наша предност и за наше заедничко богатство. Натаму додава дека оваа година Меѓународниот ден на Ромите го прославуваме во вонредна состојба и без јавни настани заради мерките преземени против заканата од коронавирусот.
– И во овие услови, кога зборуваме за „Едно општество за сите“, зборуваме за наше заедничко учество и почитување на мерките и препораките кои ни помагаат да ја совладаме опасноста и да го запреме ширењето на коронавирусот. Тоа ќе ни помогне да си го заштитиме општеството и да ги намалиме социјалните и економските последици.
Како никогаш до сега, токму сега е време да се сплотиме и обединиме за да покажеме дека умееме да бидеме модел и за успешно и функционално општество и во овие вонредни услови, вели Спасовски.
Додава дека треба да си ги сочуваме почитта и грижата на едните за другите и тоа да биде модел за нашата заедничка иднина која ја градиме, и која започнува и завршува, со почитувањето на сите заедници, на заедници кои што соработуваат, се надополнуваат и меѓусебно се збогатуваат.
– Нека ни е честит празникот – Меѓународен ден на Ромите!  Te arakha amaro kamipe thaj amaro dertluko jekh jekheske. Te ovel akava modeli amare anglunipaske fundamenti, savo afirmirinaja respektea sa e minoritetenge kl amari them. Etnikumia save jekh jekhe vas dena thaj maskar peste barvalipe kherena. Te ovel emenge bute bershenge o bidjuko- mashkardjijanengoro  dive e Romengoro 8-to April, додава Спасовски во честитката по повод Меѓународниот ден на Ромите. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицаец побарал и примил поткуп за да не собере возило со „Пајак“

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

Притвор за маж од Естонија осомничен за силување на 14-годишно дете