Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МТСП: Контактите на децата со родителите да се одржуваат во договор меѓу двајцата родители

Известување на МТСП за корисниците на правото за надоместоци за помош и нега од друго лице и за попреченост
Img 7972

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во врска со начинот на одржување на контактите на децата со родителите со кои не живеат, во услови на пандемија од корона вирусот, потсетува дека согласно со Законот за семејството, родителското право го вршат родителите заедно, во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница, информираат од МТСП.

– Во услови на пандемија на корона вирусот, кога е доведено во прашање здравјето и животот на луѓето, родителите имаат обврска да се грижат за заштита на здравјето на децата и да го прилагодат движењето на децата согласно препораките на Владата за постапување во услови на вонредна состојба и воведен полициски час. Во овие услови  потребно e родителите да се договорат за начинот на одржување на контактите на децата со родителот со кого не живеат, а притоа децата да не бидат изложени на опасностите кои со себе ги носи оваа пандемија, соопштија од МТСП

Во оваа насока од таму информираат дека центрите за социјална работа како надлежни органи се отворени и се на располагање на родителите за обезбедување на неопходната стручна и советодавна поддршка при договарање на начинот на одржување на  односите меѓу родителите и децата.

Согласно со Законот за семејството двајцата родители се должни совесно и одговорно да ги извршуваат родителските права и обврски и да се грижат за заштита на здравјето на децата. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Центар: нема да влегувам во калта, ќе го разобличувам Мицкоски

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ќе дува силен северен ветер (над 65 км/час)