Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Анализа: Една петтина од јавните претпријатија имаат политика за спречување корупција

Анализа: Една петтина од јавните претпријатија имаат политика за спречување корупција
Img 7972

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Една петтина од јавните претпријатија имаат воспоставено политика за спречување на корупцијата, покажува истражувањето што го спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Овој број пораснал во споредба со 2019 година кога само 7,7 проценти од претпријатијата одговориле дека имаат воспоставено вакви механизми.

Дополнителен проблем е тоа што вработените во јавните претпријатија дури и да забележат корупција на работното место, не можат да ја пријават. Осум од 49 претпријатија имаат овластено лице за пријавување на корупција, а само кај две претпријатија, овие лица работат во изолирана канцеларија од другите вработени.

Затоа, како што се наведува, е важно вработените да имаат каде и кому да пријават корупција и тоа да го направат тајно, безбедно и навремено.

Ваквите состојби, според анализата, се резултат на неинформираноста и непрепознавањето од бенефитите од воведувањето на системот за спречување на корупцијата кај повеќето јавни претпријатија.

Целата анализа може да се најде на веб-страницата на ИДСЦС https://idscs.org.mk/mk/2020/04/07/анализа-на-внатрешни-процедури-и-проц/.

Истражувањето е дел од проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” финансиран преку Владата на Обединетото Кралство. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип, набавени рекордни 80.000 дози

Мерко даде завршни зборови за незаконското поставување директор во Велешта, пресуда в понеделник

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи