Утрински Весник
Македонија

Компаниите доставиле 136 барања до Развојна банка за бескаматни кредити

Компаниите доставиле 136 барања до Развојна банка за бескаматни кредити

Развојна банка денеска ја достави првата информација до владата за обработените кредитни апликации од страна на компаниите кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра.

„Во првата листа до владата се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро и мали компании кои имаат од еден до педесет вработени. Доставата на информации до владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија“, се вели во соопштението од Развојна банка.

Оттаму велат дека се очекува владата на денешната седница да ја разгледа информацијата и да ги одобри кредитните апликации. По ова, Развојната банка ќе стапи во контакт со компаниите за реализација на договорите за кредит.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

МЗ за починатото тригодишно дете: Комисијата констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени во болницата во Кавадарци

Левица: Кафич во сопственост на заменик-министерка од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир – од компромитираната ДКСК само молк

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор на АНБ