Утрински Весник
Спорт

Извршен директор на Премиер лигата: Ако сезоната 2019/20 не заврши, ќе изгубиме милијарда фунти

Извршен директор на Премиер лигата: Ако сезоната 2019/20 не заврши, ќе изгубиме милијарда фунти

Лондон, 8 април 2020 (МИА) – Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, кажа какви загуби може да претрпи лигата ако сезоната 2019/20 не се доигра.

– Ги губиме приходите на невидено ниво, како и повеќето од економијата во Велика Британија. Ако не ја завршиме сезоната-2019/20, тогаш се соочуваме со загуба од една милијарда фунти, и ако продолжи ситуацијата со пандемијата на коронавирус, тогаш следуваат и други загуби. Ова негативно ќе влијае не само на финансиската состојба на 20 клубови во лигата, туку ќе влијае негативно и на професионалниот сегмент како целина, изјави Мастерс.

Првенствата во Европа се прекинати поради пандемијата на коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига