Утрински Весник
Политички Партии

Честитка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Ромите

Честитка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Ромите

 

Скопје, 8 април 2020 

Почитувани припадници на Ромската заедница,

Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

Овој ден ја потврдува почитта на Ромската заедница и нивната култура. Почитувањето на културните вредности и меѓусебното разбирање кои се наша одлика за интегрирање на сите етнички заедници.

ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и во иднина ќе се залага за унапредување на политичката, културната и социо-економски позиција на Ромите во општество. Потребна е ефикасна инклузија на Ромите во Република Македонија за да се надминат предизвиците со кои тие се соочуваат.

Државата мора да се вложи себе си многу повеќе во поддршка на граѓаните.

Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Ромите и за сите граѓани на Република Македонија.

Нека Ви е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт