Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да ги заштитиме здравствените работници

Филипче: Да ги заштитиме здравствените работници

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил апелира до сите граѓани да ги заштитиме здравствените работници бидејќи од нив зависи јавното здравје и нашите животи.

Секогаш, пишува Филипче, давајте точни одговори на епидемиолошките анкети – кои се вашите сиптоми, дали сте биле во контакт со лице од странство или лице заболено од Ковид-19.

– Со лажни информации ги ставате во опасност здравствените работници кои се грижат за вас, но и вашите најблиски со кои секојдневно сте во контакт, пишува Филипче, и додава доколку се сомневате дека сте заболени од Ковид-19 или имате симптоми карактеристични за вирусот да носите заштитна опрема и да држите растојание.

Оваа борба, вели тој, зависи од секој од нас.

– Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. Тие за сите нас, ние за сите нив, пишува Филипче на ФБ. мс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот