Утрински Весник
Спорт

Намалување на платите во Формула 1

Намалување на платите во Формула 1

Лондон, 7 април 2020 (МИА) – Челниците на Формула 1, како што пренесуваат британските медиуми, меѓу кои и генералниот директор Чејс Кери и техничкиот директор и директор на мотоспорт, Рос Браун, ќе земаат за 20 отсто помали плати во наредните два месеца. Со привремениот режим ќе бидат опфатени и околу 250 вработени во Формула 1.
Екипите на Вилијамс, на Рејсинг Поинт и на Мекларен дел од своите вработени ги пратија на принуден одмор, додека пилотите добија намалени плати. За сите екипи, пак, важи можноста за затворање на своите фабрики на три недели, со оглед дека рокот за почеток на сезоната е одложен најмалку до средината на јуни. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара