Утрински Весник
Македонија

Почина 45-годишен скопјанец заразен од коронавирус на пат кон болницата „8 Септември“

Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8- ми Септември“, соопшти владината прес-служба.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата попладнево информираше за пет починати пациенти, четворица на Клиниката за инфективни болести (од нив еден од Куманово, од Лабуништа, од Челопек, од Штип) и уште еден пациент починал во Куманово. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје