Утрински Весник
Економија

МЗШВ: До 30 април е продоложен рокот за склучување договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020

МЗШВ: До 30 април е продоложен рокот за склучување договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука за продолжување на законскиот рок за склучување договори за производство и откуп на тутун за реколта 2020, што го склучуваат производителите на тутун со регистрираните откупувачи на тутун.

Со оваа одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) наместо до 31 март, рокот за склучување договори се продолжува до 30 април. Ваквата одлука, додаваат, се донесе поради вонредната состојба на територијата на државата прогласена заради пандемијата од коронавирусот, поради што процесот на склучување на договори во месец март, не се одвиваше со иста динамика како во месец февруари 2020 година.

– Од овие причини, на почетокот на овој месец, Министерството направи анализа. Според извештаите кои произлегуваат од информативниот систем за евиденција на тутун (ИСЕТ), за реколта 2020 година до денеска се склучени 29.531 договори, на површина од 11.936 хектари за планирана количина од околу 22.654 тони тутун, се вели во соопштението.

Од Министерството соопштија дека во координација и по барање на откупните претпријатија и на производителите на тутун, за да можат да склучуваат договори и по законскиот рок, кога би се договориле околу 1.500 -1.600 тони тутун, МЗШВ предложи, а Владата денеска го прифати предлогот за одложување на рокот за склучување договори за производство и откуп на тутун, односно продолжување до крајот на овој месец. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија