Утрински Весник
Македонија

Општинскиот кризен штаб на Крива Паланка повика хуманите граѓани да донираат храна и хигиенски средства

Општинскиот кризен штаб на Крива Паланка повика хуманите граѓани да донираат храна и хигиенски средства

Крива Паланка, 7 април 2020 (МИА)Општинскиот кризен штаб од Крива Паланка упати јавен повик до сите хумани граѓани, во рамки на своите можности да донираат храна и хигиенски средства за ранливите категории лица од општината.

– Со цел заеднички и сплотено да ја покажеме нашата солидарност и хуманост, бараме секој што е во можност да донира прехрамбени и хигиенски производи за потребите на најранливите категории на нашата Крива Паланка. Донациите можат да се достават во просториите на локалната самоуправа на Општина Крива Паланка, секој работен ден до 12 часот, со претходна најава на телефонските броеви 031/375-035 или 070/303-060. Општинскиот кризен штаб во соработка со ОО Црвен крст Крива Паланка и волонтерските тимови ќе ја достават оваа помош до оние на кои таа им е најпотребна во моментот, информираат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Оттаму посочија дека институциите ги преземаат сите неопходни превентивни мерки за спречување на последиците и на локално ниво.

– Во ваквата состојба најранливи се социјално загрозените и изолирани семејства кои од ден на ден ќе ги има се повеќе и повеќе.  Многу осамени, болни лица и лица во задолжителна изолација, изнемоштени и стари лица, лица со посебни потреби и самохрани родители ја имаат неопходната потреба од наша помош и поддршка во овие тешки и неизвесни моменти за целото општество. Oпштинскиот штаб за заштита и спасување веќе превзема низа на мерки во соработка со надлежните институции на локално ниво, но очигледно по сите проценки и текот на настаните кои ќе одат во нагорна линија, од сите нас се бараат поголема лична и колективна посветеност и општествена одговорност, шти што на тест се нашата хуманост и солидарност, кои апелираме да бидат покажани на дело, додаваат од општината.ид/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лажен полицаец одзел возило на фирма, а подоцна нападнал и женa и ѝ го украл кучето

30.000 евра, закани и сомнеж за манипулација со телефон – потресни сведоштва на судењето за трагедијата во Тафталиџе

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“