Утрински Весник
Македонија

Почна со работа општинската редарска служба во Куманово

Почна со работа општинската редарска служба во Куманово

Куманово, 7 април 2020 (МИА)Општина Куманово формираше редарска служба од сопствени вработени кои од денеска  започнаа да вршат редарска контрола на најпрометни места во градот, во соработка со СВР Куманово, согласно заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

– Поделивме и заштитни маски за граѓаните. Од утре свое учество во овие тимови ќе земе и Армијата, најави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на социјалните мрежи.

Димитриевски се заблагодари на тимот на АБХО, единица од Армијата која од денеска на барање на Општинскиот кризен штаб Куманово се вклучи во дезинфекција на банки, пошти и други установи каде има зголемен проток на граѓани, последниве денови поради исплата на пензии и на социјална парична помош.

– Овие акции ќе се одвиваат секојдневно во следниот период додека трае постапката на исплата, напиша Димитриевски. ам/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски во Брисел: Северна Македонија останува целосно посветена на европските интеграции

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса 

Разбиена криминална група со нафта: 13 лица осомничени за даночна измама и перење пари