Утрински Весник
Економија

Синдикалната минимална кошница во март 32.941 денар

Синдикалната минимална кошница во март 32.941 денар

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни минимум 32.941 денар за да ги задоволи основните потреби.

Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари или 13.888 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.421 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.355 денари, а за превоз 2.363 денари. За облека и обувки биле потребни 2.136 денари, за културни активности 1.066 денари, а за здравје 708 денари. ир/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ММФ предупредува: Растот на цените на енергенсите може да доведе до нов бран инфлација и да го забави економскиот раст во земјава

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија