Утрински Весник
Македонија

Донација на заштитна опрема од МВР за Општата болница во Куманово

Донација на заштитна опрема од МВР за Општата болница во Куманово

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во присуство на началникот на секторот за внатрешни работи од Куманово, Антон Витков, денеска предаде заштитна опрема на Општата болница во Куманово, составена од заштитни одела, визири, ракавици и маски кои Министерството за внатрешни работи ги доби од Словенија и Унгарија.

Чулев појасни дека преку оваа донација дава поддршка на докторите и сите здравствени лица во извршување на своите секојдневни обврски и задачи, и им изрази благодарност и почит за својата посветеност и пожртвуваност.

-Свесни сме за ризикот на кој тие се изложени секојдневно, но и нивната важност и значајност во овој момент и во таа насока и во иднина со сите расположливи капацитети ќе им бидеме од целосна помош и поддршка. Меѓусебната и меѓуинституционална поддршка е клучна во време во кое сите водиме тешка битка со невидлив непријател, истакна министерот Чулев при предавањето на донацијата.

Директорката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева се заблагодари за донацијата и истакна дека таа доаѓа во вистински момент кога здравствените работници секојдневно ги водат најтешките битки.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?