Утрински Весник
Македонија

Лицата со попреченост и старите лица ќе добијат помош за време на корона кризата

Лицата со попреченост и старите лица ќе добијат помош за време на корона кризата

Лицата со попреченост и старите лица од 27 општини низ земјава ќе добијат помош во периодот на корона кризата. Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека околу 200 невработени лица ќе се вклучат во проектот за да им помагаат на 1.540 граѓани со попреченост и постари лица.

„Локалните општински тимови обучени за справување со овој тип на теренски околности и опремени со заштитна опрема, секојдневно ќе работат на терен и ќе обезбедуваат поддршка во секојдневното функционирање​“, се наведува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Поддршката за оваа ранлива категорија на граѓани ќе опфати помош за итни административни процедури, набавки, поддршка во нивните домови и друг тип помош која им е потребна на овие лица.

Од надлежното министерство потенцираат дека бројот на корисници на оваа услуга може да расте во наредниот период, доколку има потреба од тоа.

Министерството за труд и социјална политика ја реализираа оваа активност во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) реализира услуги за поддршка на лица со попреченост и други ранливи категории во услови на Ковид-19.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за поранешен министер за култура

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука