Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 април 2020 (МИА)СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Р.(44) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.09.2018 на бул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле кокаин и хероин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Д. (47) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во октомври 2019 пријавениот, во својство на референт за сеча во Шумско стопанство во Берово, во четири наврати издал четири испратници за сечена дрвна маса во сопственост на Р.С.Македонија, со што предизвикал материјална штета во вредност од 741.150 денари.

На 06.04.2020 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот во КПУ „Идризово“ бил пронајден починат затвореник С.П.(72) од Скопје, без траги на насилство. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

На 06.04.2020 во 18.30 часот на мост кон ул.„Лука Геров“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Х.(20) од с.Арачиново, скопско, и В.М.(18) од с.Чајлане, скопско, бидејќи на бул.„Ѓорче Петров“ при обид од полициските службеници за сопирање на патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х., во кое сопатничка била В.М., истото не застанало, при што полициските службеници со предупредувачки истрел во воздух го сопреле возилото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.04.2020 околу 13.20 часот во Полициско одделение Шуто Оризари, Т.У.(55) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.Ц.(35) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 13.03.2020 околу 21.00 часот пријавениот упатил закани кон полициски службеник кој вршел службени дејства.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Л.В.(61) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 02.01.2020 пријавената, како сопственик на продавница во Берово, иако знаела дека во нејзината продавница како дневен промет примила две фалсификувани банкоти во апоени од по 2.000 денари со ист сериски број, што ѝ било укажано при внесот на дневниот промет, таа наместо да ги пријави парите, ги прикрила и ги вратила на лицето за кое се сомневала дека ги пуштило во оптек.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Џ.И.(23) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот на патот Виница – с.Јакимово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против В.С.(23) с.Кадрифаково, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 11.25 часот пријавената била затекната со нејзиното тригодишно дете во центарот на Свети Николе, при што било констатирано дека не се придржувала кон воведената мерка за ограничено движење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.Ш.(44) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 11.10 часот, пријавениот со неговото деветгодишно дете бил затекнат во центарот на Свети Николе, при што било констатирано дека не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

Oдделението за внатрешни работи Делчево поднесе кривични пријави против Д.С.(25) од с.Тракање, кочанско, и А.Б.(23) од с.Грдовци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 23.10 часот на магистралниот пат кај бензинска пумпа во Македонска Каменица, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Н.Г.(34) од с.Грљани, виничко и В.Ѓ.(58) од с.Липец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 23.30 часот на бул.„Маршал Тито“ во Виница, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!