Утрински Весник
Македонија

Казнени предлози од ОЈО Куманово заради непочитување на полицискиот час

Побарани казни за уште тројца прекршители на полицискиот час во Скопје​

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица, обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

– Обвинетите за време на полицискиот час со возило или пеш се движеле низ градот и околината и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, велат од ОЈО-Куманово.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по вкупно 1000 евра во денарска противвредност. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?