Утрински Весник
Македонија

Пречистителната станица за отпадни води во Кочани почна со производство на органско ѓубриво

Пречистителната станица за отпадни води во Кочани почна со производство на органско ѓубриво

Кочани, 7 април 2020 (МИА) – Во пречистителната станица за отпадни води во Кочани се произведени првите количини органско ѓубриво, добиено со мешање со филтрираните наталожени цврсти материи и оризовата слама.

Дневно се произведуваат по околу 20 кубни метри компост, од кои околу две третини отпаѓаат на сламата. Во моментот трае тест периодот во кој добиеното ѓубриво се испитува за да се утврди хемискиот состав и количините на хранливи состојки во него, по што ќе може да се применува на земјоделските површини.

Компостирањето се изведува во две фази, од кои едната е интензивна и трае две недели, а втората е прогресивна и за неа се потребни околу 45 дена. Во процесот се користат посебни полимери за згуснување на отпадните материи, по што во посебна комора се загреваат и сушат на температура од 37 степени и се добива природен метан. Дневно се добиваат околу седум кубни метри отпадна мил, кои се мешаат со петнаесетина метри кубни оризова слама.

– На територијата на Општина Виница сè уште официјално нема потврдено ниту еден позитивен случај на коронавирус, простор за паника нема, но по новонастанатата ситуација во Кочани, дејствуваме уште посериозно и поодговорно кон препораките за социјална изолација и почитување на сите досегашни мерки на превенција. До овој момент имаме вкупно 24 лица кои се во изолација, од кои 12 се изолирани во домашни услови, а останатите се во државен карантин. Во текот на викенд полицискиот час во нашата општина за непочитување на забраната за движење по 16 часот поднесени се вкупно седум пријави, истакна Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Градоначалниците на Кочани и Виница упатија повик до граѓаните да не создаваат паника, туку свесно и максимално да се придржуваат кон пропишаните мерки, кои се најважни за спречување на ширење на заразата. та/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија