Утрински Весник
Македонија

Седум велешани обвинети за непостапување според здравствени прописи во време на епидемија

Во Куманово забраната од петокот не ја почитувале 12 лица, во цела земја за едно деноноќие 164 прекршувања
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Велешкото обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик“.

Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.​​

Како што инфомираат од Јавното обвинителство, обвинетите лица за време на викендот, додека е во сила Одлуката за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија од 16:00 до 5:00 часот наредниот ден, пеш или со возила во одделни кривично правни настани се движеле низ Велес. вј/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари