Утрински Весник
Македонија

Филипче: Кумановската болница работи непречено, кадар и опрема има доволно

Филипче: Кумановската болница работи непречено, кадар и опрема има доволно

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврди дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра, соопшти Министерството за здравство.

Од МЗ посочуваат дека откако 18 вработени се дијагностицирани со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени.

Во кумановската болница има вкупно 700 вработени и покрај 18 кои се заболени од Ковид нема друг персонал кој е во самоизолација. Директорката на болницата го информираше министерот дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано.

Министерството за здравство, посочуваат оттаму, продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче