Утрински Весник
Спорт

Милер го продолжи договорот со Баерн до 2023 година

Кинески клуб подготвен да плати 25 милиони евра годишно за Милер

Минхен, 7 април 2020 (МИА) – Напаѓачот Томас Милер го продолжи договорот со Баерн. Новиот договор на 30-годишниот фудбалер важи до 30 јуни 2023 година.

Милер е „дете“ на баварскиот клуб. Тој е во Минхен од 2007 година.

Како дел од Баерн, Милер го освои германскиот шампионат осум пати, пет пати германскиот куп и Суперкупот. Во 2013 година, тој стана победник во Лигата на шампионите, а исто така го освои клупскиот светски шампион и европскиот Супер куп.

Оваа сезона, Милер одигра 25 натпревари во Бундеслигата за Баерн, постигна шест гола и даде оствари 16 асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина