Утрински Весник
Македонија

Воглавно се почитуваат мерките за лична здравствена заштита на здравствените работници

Воглавно се почитуваат мерките за лична здравствена заштита на здравствените работници

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Дражавниот санитарен и здравствен инспоекторат (ДЗСИ) во периодот од 2 до 5 април спроведе 66 вонредни инспекциски надзори во здравствените институции низ целата држава  при што констатира дека воглавно се почитуваат мерките од областа на преземање на лична здравствена заштита на здравствените работници, информира директорката на ДЗСИ, Иринка Сотирова.

Таа на денешната прес-конференција во Владата најави дека ДЗСИ ќе продолжи со интензивните контроли и со санкционирање на непочитување на мерките од страна на здравствените работници кои не се придржуваат  до протоколите за работа.

-Ковид-19 не исправи пред педизвик можеби на столетието. Сите што секојдневно придонесуваат за пружање на здравствена заштита на населението се безусловно потребни, неопходни и исправени пред овој голем предизвик. Апелирам максимално да ги почитуваат протоколите за употреба на средствата  за лична самозаштита, бидејќи со нивно носење прво се заштитуваат себе си, потоа ги заштитуваат своите најблиски и остануваат способни да се борат за животите на пациентите, рече Сотирова и им порача на граѓаните да им веруваат на докторите и на медицинските лица кои во овие тешки моменти го даваат максимумот од себе во борбата со коронавирусот.

Посочи дека на вчерашниот 17. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување  на внесување и ширење на кронавирусот посебно внимание беше посветено на заштитата на здравствените работници и за обезбедување услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето со пандемијата.

-Едногласно преовлада заклучокот дека заштитата на здравствените работници е приоритет, рече Сотирова и потести дека Министерството за здравство од почетокот на кризата воведе протоколи за заштита на здравстените работници на различни нивоа и сптепени со детални објаснувања кој протокот каде се користи.

Од состанкот, потенцира, произлезе и апелот здравствените рабтници да ја носат опремата и да се заштитат себе си и сите околу себе.

-Апелирам сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници кои деноноќно и посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани, рече Сотирова.

Во одговор на прашање, Сотирова посочи  дека здравствениот систем во земјава во овој момент е консолидиран и цврсто стои и ја контролира целокупната работа на ЈЗУ и ПЗУ на територијата на цела држава.

-Бидејќи се работи со жива материја на дневна основа можни се и поедеини проблеми од организациски тип, меѓутоа се решаваат на денвна основа, рече Сотирова. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме