Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што ги спровеле шесте инспекциски служби во државава од 2 до 5 април годинава, вршејќи контрола на почитување на владините препораки за заштита од ширењето на вирусот Ковид -19.
-Иако општата констатација е дека поголемиот дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од ширење на коронавирусот, за жал еден дел од угостителските посебно во руралните средини продолжуваат да ги прекршуваат мерките на Владата. Во таа насока и најголемиот дел од 3.232 контроли на Државниот пазарен инспекторат се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а 423 се за замрзнати цени на производи. Притоа се затворени 48 угостителски објекти во повеќе градови и населени места низ државата. При визуелните контроли низ државата е констатирано дека поголемиот дел од угостителолите ги почитуваат мерките, информира денеска на редовната прес-конференција Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет.
Како што дополни, забранети се за употреба 215 кафемати на бензинските пумпи и на други локации.
-Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не ги користат кафематите и апаратите за вода бидејќи тие можат да бидат потенцијален преносител на вирусот Ковид -19, рече Филиповска Грашкоска.
Таа информираше дека се забележани помалку зголемувања на цените на производите, особено на цитрусните овошја, а таму каде имало поскапување цените се вратени.
Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 208 надзори, при што се изречени две глоби, една за непочитување на претходна наредба издадена од инспекор, а другата поради држење производ без декларација.
-Изречени се и седум мерки и едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбендост на храна, а дополнително се издадени се 15 решенија на месарици и маркети за општа лоша хигиенска состојба и веднаш е наредено да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација, информира претседателката на Инспекцискиот совет.
Државниот транспортен инспектират, пак, спровел 70 надзори, при што е кнстатирано дека кај автобуските станици немало отстапување од владината препорака за преполовен број на патници, меѓународен линиски превикз е во цеосен прекин.
При спроведените 41 контрола од Агенцијата за лекови е утврдено дека нема специфични отстапувања, односно дека секторот ги почитува препораките, се одржува ред во апетките, се дозволува влез на ограничен број лица, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата.
Воедно, Државниот инспекторат за труд во тек на 290 контроли издал едно решение и 13 укажувања за работодавачи кои не ги почитувале мерките на Владата. Надзорите се поврзани за постапување по претставки за платено отсуство на родители, бремени жени и хронично болни лица. Дополнитено инспекторатот констатира дека поголемиот дел од работдавачите ги почитуваат мерките и препораките.
Извршени се и 66 надзоори од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекорат кој дополнително издал 164 дозволи за непречено спрведување транспорт во услови на епидемија од коронавирусот.
Инспекторите остануваат на терен и секој кој нема да и почитува мерките ќе биде санкциониран, порача Филиповска Грашкоска. лв/дма/