Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 15:30 на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода М.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 11:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, кај село Чардаклија, А.Г.(38) од село Жиганци, управувајќи работна машина „ОМ-фиат“, изгубил контрола над машината и се превртел. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.
Вчера во 12 часот во Полициската станица Центар, Б.М.(46) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.
Вчера во 20:45 часот било пријавено дека во Богданци, на ул.„Страшо Пинџур“, С.Г.(33) од Богданци, управувајќи мотоцикл „лифан 50“, со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал. Во незгодата С.Г. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Гевгелија за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Вчера во 13:40 часот било пријавено дека во Радовиш, на ул.„Даме Груев“ М.Т.(42) од с.Подареш, управувајќи мопед „гилера“, без регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот, удрил во паркирано патничко возило „рено“ и паднал на коловозот. Во незгодата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
Вчера во 10:20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров С.С.(67) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.
Во СВР Штип вчера во 8:35 часот од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив било донесено починато лице. Од увидна екипа од СВР Штип во содејство со ОЈО Штип и Трудов инспектор бил извршeн увид на местото на настанот, при што било утврдено дека во 7:45 часот Љ.А.(52) од Штип паднал при извршување на работни задачи во каменолом, после што бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. бк/