Утрински Весник
Македонија

Со „Лебедово езеро“ започнува онлајн емитувањето на оперски и балетски претстави од НОБ

Со „Лебедово езеро“ започнува онлајн емитувањето на оперски и балетски претстави од НОБ

Вечерва со почеток во 20 часот, со балетската претстава „Лебедово езеро“ од П.И Чајковски започнува онлајн емитувањето на оперски и балетски претстави од Националната опера и балет.

Секој вторник е резервиран за балетска уметност, додека секој петок ќе биде термин за оперските настапи. Преку официјалниот Јутуб канал, публика од целиот свет ќе може да ги следите претставите, а секоја од нив ќе биде достапна и 24 часа по првичното емитување.

„Нашата земја, како и остатокот од светот, доживува многу тешко време, и иако не можеме да настапиме пред публика во живо, ние сме возбудени да ги споделиме нашите претстави дигитално и културно да ја поддржиме нашата публика за време на оваа криза“, велат од Националната опера и балет.

Распоредот за дигиталните премиери може да се види на веб страницата на Националната опера и балет.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Просечната возраст во Македонија 42 години, трендот на стареење продолжува

Јубилеј на ЗНМ: 80 години борба за медиумски слободи и професионални стандарди

СДСМ: Премиерот на море со авион а за работниците нема пари за 600 евра плата