Утрински Весник
Македонија

Десетмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје​

Десетмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје​

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра против вкупно десет лица од Скопје кои не го почитувале полицискиот час.

Обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Јавното обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Сите се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?