Утрински Весник
Uncategorized

Пензионерите со молба: Дајте ни предност кога чекаме во ред

Penzioneri 303

Со новите мерки на ограничување на движењето кои стапуваат на сила од утре (среда), лицата над 67-годишна возраст стравуваат дека нема да успеат да ги завршат неопходните обврски во дозволениот термин за движење од 10 до 12 часот. Апелираат до граѓаните кои имаат можност за повеќе часови слободно движење, да им дадат предност на повозрасните при набавка во маркетите, аптеките или на шалтерите во банките, доколку во посочениот период на тие места се создадат редици.

„Немаме ништо против новата мерка на властите. Но, проблемот е што тие два часа за дозволено движење не се ексклузивно наши, туку се совпаѓаат со дел од времето на неограничено движење и на граѓаните кои имаат повеќе од 18 и помалку од 67 години. Во ‘нашиот термин’ со нив се среќаваме на шалтери, во аптеки, во маркети… Тие имаат време да почекаат ако се создаде редица, но не и ние. Нам времето ни е поограничено“, објаснуваат пензионери.

Не се стигнува на две места

Состојбата не била подобра ни кога движењето им беше овозможено од 5 до 11 часот.

„Од 5 до 7 часот реално не може да се заврши никаква работа, бидејќи не се отворени ни продавници, ни аптеки, ни банки. Но, и во периодот од 7 до 11 часот не беше баш едноставно да се завршат неопходните обврски. Јас, на пример, неколку пати се најдов во ситуација да избирам дали ќе чекам ред пред маркет, или пред банка. Ако редот е голем, на двете места не може да се заврши работа. Затоа, упатуваме молба до помладите од нас, ако можат да ни даваат предност доколку пред одредени објекти се чека ред во периодот од 10 до 12 часот“, велат пензионери од Скопје.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Извор: dw.com

Можете да прочитате

Советник во Советот на Ѓорче Петров до Стојкоски: Не се криј зад лагите, дојди и соочи се со граѓаните за спорниот ДУП

utrinskilogin

Градоначалникот на Ѓорче Петров повикува на јавна дебата за новиот ДУП, поранешен советник му порача да одбере време и место

utrinskilogin

Вучиќ: Просечната плата во Србија идната година ќе надмине 1.000 евра

Ljuljeta