Утрински Весник
Спорт

Де Јонг за дебитантската сезона во Барса: Можам да играм подобро

Френки де Јонг: Среќен сум, дека ќе играм со мојот идол!

Барселона, 7 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Френки де Јонг зборуваше за својата прва сезона во Барселона.

– Мојот најдобар натпревар допрва треба да дојде, но во моментот ова е можеби победата дома против Дортмунд со 3:0. И покрај фактот дека ова е моја деби сезона, јас имам многу добри настапи и многу сум среќен. Сепак, знам дека би можел да играм подобро и во иднина ќе го покажам тоа. Сите играчи што ги имаме се навистина добри. Посебно ме изненади Фати, бидејќи не го познавам. Тој е многу квалитетен, рече Де Јонг.

Дваесет и двегодишниот Де Јонг во Барселона дојде од Ајакс. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига