Утрински Весник
Македонија

Ограничен извозот на заштитни маски, 20 проценти од дневното производство во магацин

Објавен јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

Скопје, 6 април 2020 (МИА) –  Владата  донесе одлука за ограничување на извозот на економските оператори и производители на заштитни маски од државава во количина која нема да надминува 80 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна и пластични маски со текстилен филтер.

-Економските оператори и производители на заштитни маски при секој извоз на заштитни маски кон царинската декларација се должни да достават изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацините односно складовите располагаат со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар, информира владината прес-служба по седницата на Владата.

Усвоено е дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.лв/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата