Штип, 6 април 2020 (МИА) – На штипското Инфективно одделение во моментов се лекуваат четворица пациенти позитивни на Ковид 19. Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека претходно на болничко лекување беа двајца пациенти од Штип, а во изминатите два дена на ова одделение се хоспитализирани уште двајца пациенти од Кочани.
-Пациентите се со добра клиничка слика, но нивното лекување мора да биде во болнички услови. На одделението имаме и уште четворица пациенти од неколку општини, кои се со сомнителни симптоми на коронавирус и за нив инфектолозите чекаат да пристигнат резултатите од тестирањето, вели Ѓеорѓијев.
Тој истакна дека од вчера на помош на двете лекарки пристигнал и лекарот инфектолог од болницата во Струмица , откако 14 медицински лица се во превентивна самоизолација поради контакт со 80 годишна жена, на којашто два теста биле негативни, а третиот тест потврди дека е заразена со коронавирус. вдј/аа/