Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Придобивките од членството во НАТО се покажаа како ефикасни во справувањето со коронавирусот

Спасовски: Придобивките од членството во НАТО се покажаа како ефикасни во справувањето со коронавирусот

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Придобивките од членството во НАТО се покажаа како ефикасни во справувањето со коронавирусот. Го активиравме НАТО механизмот за цивилна заштита и се активираше системот за цивилна заштита на ЕУ. Првата помош на државата пристигна од ЕУ и НАТО и тоа покажува колку е важно тоа наше стратешко партнерство.

Ова го порача премиерот Оливер Спасовски во рамки на онлајн дискусијата „Глобални закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“, организирана по повод 4 Април – Денот на НАТО од Факултетот за безбедност – Скопје и Американскиот центар за образование.

Денот на НАТО, посочи Спасовски, го одбележуваме првпат како полноправна земја членка на Алијансата.

– За нас претставува посебна гордост зошто многу генерации пред нас беа посветени на реализацијата на овој наш стратешки национален интерес да бидеме земја членка на НАТО, а ние сме генерација што практично го живееме тој сон. Треба да бидеме горди што сме дел од семејството на најмоќниот безбедносен воен и политички сојуз, што претставува синоним и за највисоките демократски вредности, изјави Спасовски.

Членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, според Спасовски, е особено важно за нас како мала држава, бидејќи стекнуваме можност за влијание и еднакво право при носење на одлуки.

– Второ, исто така, многу значајно е за нашиот економски раст – што зависи многу од тоа колку државата може да обезбеди долгорочна мир и стабилност. Членството во НАТО тоа го обезбедува, изјави Спасовски.

Нагласи дека тоа е видливо и во изминатите три години додека интензивно се работело и било извесно дека овие интегративни процеси ќе бидат реалност.

– По создавањето услови за членство во НАТО и ЕУ се отвори перспектива и над 625 милиони евра имаме инвестиции во тој период во државата. Тоа покажува дека долгорочниот мир, стабилност и безбедноста се основи за економскиот развој, рече Спасовски.

Прашањата за територијален интегритет и целолвитоста на државата, нагласи Спасовски, се прашања што еднаш за секогаш се веќе затворени и давааат стабилност за граѓаните и државата да ја планираат иднината.

Апелираше до граѓаните и сите да ги почитуваат препораките од Владата, бидејќи сите заедно треба да се посветиме на справуавње со оваа состојба и сите заедно да ја добиеме оваа битка.

Нагласи дека се посветува големо внимание оваа хуманитарна катастрофа да не премине во безбедносен ризик.

– Пред нас се тешки денови, кои ќе бидат и уште потешки. Правиме се што можеме да ги спасиме здравјето и животот на граѓаните. Помагаме и во делот на економијата. Клучна улога во справуавње со оваа криза има здравствениот систем што заслужува целосно внимание и поддршка, бидејќи се наоѓа на првата линија и сакам да оддадам признание за сите нив, изјави Спасовски.

Системот, посочи Спасовски, покажа дека функционира нормално и во услови на ваква криза сите структури покажаа максимална посветеност и ангажираност. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот