Утрински Весник
Македонија

АХВ: Да не се користат кафематите и апаратите за вода поради опасност од пренесување на коронавирусот

АХВ: Да не се користат кафематите и апаратите за вода поради опасност од пренесување на коронавирусот

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот КОВИД 19, во услови на прогласена пандемија, постапувајќи согласно донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразата, Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.

Препораката, посочуваат од АХВ, се однесува и на сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната, а со тоа и за здравјето на граѓаните, цениме дека во услови на прогласена пандемија со корона вирусот и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице, се вели во деншното соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СМС од државата – порака за исклучување

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе

Интерпелацијата и правната празнина: криза на легитимитет во Судскиот совет