Утрински Весник
Магазин

Половина век биле неразделни, починале заедно од коронавирусот

Половина век биле неразделни, починале заедно од коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мајами, 6 април 2020 (/) – Двојка од Флорида, кои биле во брак 51 година, починаа од коронавирус. На оној свет отидоа скоро истовремено, во временско растојание од шест минути, иако нивниот син вели дека нивната состојба укажувала дека ќе ја пребродат болеста.

Според нивните блиски, Стјуарт Бејкер (74) и две години помладата Адријана Бејкер повеќе од половина век биле неразделни…

Но, кон средината на март се заразиле со коронавирус. Стјуарт, незнаејќи дека е заразен со Ковид-19, потоа бил примен и в болница, а Адријана останала дома.

Кога дознала дека на сопругот му се влошила состојбата и оти е префрлен на интензивна нега, односно дека е дефинитивно позитивен на коронавирусот, пошла и таа да се тестира. Тогаш и нејзе ѝ се слошило.

Веста за нивната смрт ја сподели нивниот син Бади Бејкер. Тој повикува сите да бидат свесни и внимателни и да ги следат препораките на лекарите и стручните лица.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

Јуфки со блитва и печурки

Дедо Мраз меѓу традицијата и вистината