Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Извлечени 15-те добитници на наградата од по 100.000 денари во МојДДВ #МојаНаграда

Извлечени 15-те добитници на наградата од по 100.000 денари во МојДДВ #МојаНаграда
Img 7972

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Извлечени се 15-те добитници на наградата МојДДВ #МојаНаграда кои скенирале фискални сметки во текот на март годинава. Тие ќе добијат по 100 илјади денари.

Како што информираат од Министерството за финансии, тоа се Ванче Василески, Катерина Апостолова, Зорица Илиев, Весна Макашевска, Дејан Ѓошев, Славко Јанковски, Љика Митева, Фадил Угљанин, Сеља Хаџи, Војче Мирчески, Благој Тунџов, Фарук Ајрулаху, Виктор Устијаноски, Мише Милановски и Деан Андреевски. Тие беа извлечени во саботата, во вечерниот термин на Канал 5 ТВ.

Шестмина од наградените се од Скопје, по двајца добитници се од Струмица и од Прилеп и по еден од Штип, Охрид, Пробиштип, Тетово и Богданци.

Во првото тримесечје, скенирани се вкупно 49,9 милиони фискални сметки со остварен промет од вкупно 21,9 милијарди денари со вкупен ДДВ од 2,2 милијарди денари. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Пад на индустриското производство, намален и бројот на вработени во индустријата

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството