Утрински Весник
Македонија

Фестивалот „Skopje Calling“ презакажан за 12 септември

Фестивалот „Skopje Calling“ презакажан за 12 септември

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Фестивалот „Skopje Calling“ поради актуелната состојба со коронавирусот е презакажан за 12 септември. „Авалон продукција“, кој е организатор на фестивалот,  денеска соопшти дека локацијата не се менува, односно останува стадионот на АРМ.

– VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје. Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот, велат од „Авалон продукција“.

На сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот, ќе им бидат важечки и за новиот датум. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош