Утрински Весник
Спорт

Бернардески може да го напушти Јувентус поради трансферот на Кулушевски

Бернардески: Горд сум што ме бара Барселона, но веќе играм за врвен клуб

Торино, 6 април 2020 (МИА) – Останувањето во тимот на крилниот играч на Јувентус, Федерико Бернардески е доведено во прашање.

Италијанецот може да го смени клубот на крајот од сезоната, бидејќи во јануари „бјанко-нерите“ го купија 19-годишниот фудбалер на Аталанта, Дејан Кулушевски, кој до крајот на тековниот италијански шампионат ќе продолжи да игра за Парма на позајмица.

Претходно се водеа преговори дека Бернардески може да стане дел од договорот за трансфер на Лукас Пакета од Милан или Иван Ракитиќ од Барселона.

Договорот на Бернардески со Јувентус е со важност до јуни 2022 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Останаа уште осум натпревари до светскиот шампион – вечерва стартува четвртфиналето

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер