Утрински Весник
Македонија

Светски ден на здравјето – поддршка на медицинските сестри и акушерки

Светски ден на здравјето – поддршка на медицинските сестри и акушерки

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Медицинските сестри и акушерки имаат важна улога во одржувањето на здравjeто на населението во светот, стои во пораката на Светската здравствена организација по повод 7 Април, Светски ден на здравјето, чие мото годинава е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки“.

– Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа, стои во пораката на СЗО. рп/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот