Утрински Весник
Македонија

Онлајн дебата „Членството во НАТО – Глобалните закани и ризици: предизвици и можности“

Онлајн дебата „Членството во НАТО – Глобалните закани и ризици: предизвици и можности“

Скопје, 6 април 2020 (МИА) –  Во организација на Факултетот за безбедност и Американското катче во Скопје, по повод Денот на НАТО и нашето полноправно членство во Алијансата, денеска ќе се одржи онлајн дебата на тема „Членството во НАТО – Глобалните закани и ризици: предизвици и можности“.

На дебатата најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, техничкиот премиер Оливер Спасовски и шефот на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје На виртуелниот форум ќе говорат и проректорот на УКЛО и прфесор на Факултетот за безбедност Марјан Ѓуровски, деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и проректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Ризван Сулејмани.

Формалната постапка за членството на С. Македонија во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на САД во Вашингтон. Претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјава во Алијансата.

Официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса беше означено на свечена церемонија на 30 март со кревање на знамето на Северна Македонија, во седиштето на НАТО во Брисел, а симултано во исто време нашето знаме беше кренато и во седиштето на Здружената команда за операции (Shape) во Монс и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија, во САД. На церемонијата во Брисел се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој посакувајќи ни добредојде во сојузот истакна оти ова е историски момент за нашата земја. Преку видео врска свечената церемионија ја следеше и премиерот Спасовски  со целиот владин состав кој оцени дека полноправното членство во НАТО е остварување на најголемиот успех на нашата земја од нејзината независност до денес. вг/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации