Утрински Весник
Македонија

Последните врнежи го зголемија нивото на вода во акумулацијата во Берово

Последните врнежи го зголемија нивото на вода во акумулацијата во Берово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Берово, 5 април 2020 (МИА) – Последните врнежи во Пијанечко-малешевскиот регион ја подобрија состојбата со акумулацијата во Берово. Според Зоран Аговски, раководител на беровската подружница на АД „Водостопанство”, ако и понатаму временските прилики се слични како во последните две-три недели акумулацијата ќе биде наполнета во целост.
-Состојбата во акумулацијата во Берово се подобрува и ако продолжи врнежливиот период можеме да очекуваме дека во потполност ќе се наполни истата. Но,ако се има во предвид каква беше состојбата пред еден месец, сега можеме да кажеме дека е добра и дека со совесно работење ќе одговориме на потребите на населението, рече Аговски.
Проблем, според Аговски, може да направи коронавирусот, бидејки може да ги ограничи на одредено време планираните активности ако се пролонгира кризата.
-Се надеваме дека во соработка со луѓето од дирекцијата на АД „Водостопанство” ќе најдеме начин да ги надминеме моменталните проблеми и на време да излеземе во пресрет на населението-земјоделците за навремено решавање на нивните проблеми, односно да ги задоволиме нивните очекувања, додаде Аговски.
Подобрување на нивото на вода деновиве има и на акумулацијата Калиманци. Ако пред еден месец во браната Калиманци имаше 30 милиони кубни метри вода, во моментот како што информираа од Водостопанство „Брегалница”, таа бројка изнесува 52 милиони метри кубни вода. вс/рп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен