Утрински Весник
Спорт

Де Коло: Би сакал да го повторам со Фенербахче патот што го минав со ЦСКА

Де Коло: Би сакал да го повторам со Фенербахче патот што го минав со ЦСКА

Истанбул, 5 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Фенербахче, Нандо Де Коло, изјави дека би сакал да го повтори успехот со турскиот клуб, што го забележа со ЦСКА.

Де Коло двапати стана победник во Евролигата како дел од рускиот клуб (2015/16, 2018/19).

– Освоивме многу трофеи во петте години што ги поминав во ЦСКА. Имам многу поени и би сакал да ја повторам истата работа, само со различен тим, рече Де Коло.

Французинот оваа сезона постигна просек од 15,9 поени, и по три скока и асистенции по натпревар. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Франција прва обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот

Останаа уште осум натпревари до светскиот шампион – вечерва стартува четвртфиналето

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување