Утрински Весник
Македонија

Филипче: Пикот ќе биде на крајот на април со околу 2.000 пациенти, најголем проблем се заразените без симптоми

Филипче: Пикот ќе биде на крајот на април со околу 2.000 пациенти, најголем проблем се заразените без симптоми

Сѐ уште нема случај кога пациент кој бил на респиратор, а му се подобрила здравствената состојба и бил симнат од машина, рече денеска на брифинг со новинарите, директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.

Таа, заедно со министрите Венко Филипче и Дамјан Манчевски, директорот на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ, директорката на КАРИЛ Маја Мојсова, епидемиологот Жарко Караџоски, и Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, како и директорката на Државен здравствен и санитарен инспекторат, одговараа на новинарски прашања на брифингот што пред малку се одржа онлајн.

– Дишењето е главниот параметар заради кој ги ставаме пациентите на респираторна машина. Падот на сатурацијата на кислород е причина поради која ги ставаме пациентите на машина. Сепак, треба да се има предвид дека овие пациенти имаат многу други сериозни болести, а белодробието веќе страда. Досега за жал, не се случило да ослободиме пациент од машина – рече директорката.

Д-р Стевановиќ информира дека на Клиниката во моментов се хоспитализирани 74 пациенти од кои 14 се на механичка вентилација, 15 се во тешка здравствена состојба. Во последново деноноќие примени се шест нови пациенти, од кои еден починал од компликациите, а е од Охрид.

– На клиниката е примено и двегодишно дете кое е во стабилна состојба, веќе се вклучени во третманот колегите од педијатрија. На клиниката има и тројца анестезиолози кои ни помагаат во третманот на најтешките пациенти. Околу третманот, лечењето се одвива спорд искуства од други земји срочени во национален протокол за третман. Се даваат антималарици според јасно прецизирани критериуми – рече директорката.

Д-р Дејан Докиќ појасни дека најтешката форма на воспаление е билатерална пневмонија, односно воспаление на двете крила белодробни. Клиничката слика е тешка, односо има течност која спречува кислородот да навлезе во крвта и тие пациенти е потребно да се стават на респиратор.

– Покрај терапијата која не е специфична, бидејќи не постои некое конкретно средство, има студии и клинички обиди каде плазмата од оние кои биле заболени и се оздравени, се излоираат антитела, кои може да го неутрализираат вирусот. Има пациенти кај кои со третман на овој начин се тргнати од репиратор – рече д-р Докиќ.

Здравствените власти во земјава информираа дека се подготвувале за порастот на бројката на пациенти и дека веќе се движиме кон пикот, кој се очекува во следните неколку недели. Ова е точка на прекршување во која преминуваме во нова фаза на менаџирање на целокупниот процес.

Во однос на снабденоста на здравствените установи со заштитна опрема, министерот Филипче рече дека до овој момент не добиле информација дека некаде нешто фали во однос на маски, ракавици, скафандери и мантили.

Епидемиологот д-р Жарко Караџовски, рече дека епидемиолошките критериуми кои се усвоени на почетокот на пандемијата, се имплементирани согласно сите светски сознанија што ги имаат и дека сѐ она што државата го добила како алгоритам, е применето.

Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат информира дека досега инспекторите направиле над 90 вонредни надзори.

– Се проверува дали се користи заштитна опрема. На сите нивоа се контролира состојбата, се гледа која опрема им е неопходна, дали ја имаат и дали се обучени како истата да ја употребуваат. Освен тоа вршиме инспекции и по допрен глас, односно за непружање здравствена заштита – рече Бухова.

Инаку само во последното деноноќие има 72 новозаболени од ковид-19, што е најмногу досега во однос на еден ден. Министерот Филипче веднаш по брифингот, на прес конференција информира дека починал маж од Лабуништа на 63 годишна возраст кој имал други болести како и уште едно лице од Куанмново. На Клиниката за инфективни болести, со два негативни контролни теста дома заминуваат тројца пациенти и дополнителни четири теста се чекаат за четворица други пациенти.

– Расте трендот на заболени и покрај тоа што 80 отсто од пациентите поминуваат со лесна клиничка слика, дури и асимптоматски, сепак има и такви на кои им е неопходна хоспитализација. 52 здравствени работници се заболенни, односно 9 отсто од вкупниот број заболени во земјата – рече Филипче на пресот.

Тој најави дека утре, на состанок со членовите на комисијата за заразни болести,  можно е да бидат предложени нови мерки, односно нивно зајакнување.

– Бројот на заболени во неделите пред нас ќе расте. Остануваат прогнозите дека пикот ќе биде на крај на април, кога очекуваме околу 2.000 пациенти. Најголем проблем е што има и асимптоматски случаи кои го шират вирусот. Апелирам до моите колеги, здравствените работници, максимално да ги почитуваат протоколите, да се штитат надвор и во работните места. Да се пазат постојано. Улогата нивна, здравјето нивно е од примарно значење во овој момент. Така ќе превенираме епидемија од поголеми размери – потенцира министерот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!