Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ќе се екипираат „Просторните сили“ во Делчево

Ќе се екипираат „Просторните сили“ во Делчево
300x250 opst2

Делчево, 5 април 2020 (МИА) – Поради наближување на сезоната со пожари, а со цел подготвеност на расположливиот кадар за справување со нив, Општина Делчево започна активности за ставање во готовност на таканаречените ,,Просторни сили”, кои со поддршка на Советот на Општина Делчево се формирани пред две и пол години. Според насоките од општината во наредниот период меѓу првите активности кои ќе се реализираат е обновување на списоците на ангажираните лица во Просторните сили.
-На последната средба на Општинскиот кризен штаб донесовме заклучок лицето од локалната самоуправа кое е назначено како раководител на Просторните сили, заедно со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување да направат целосна координација на тие луѓе кои би ги замениле пожарникарите во случај на појава на зараза од КОВИД-19, истакнаа надлежните.
Поради ова, како што додаваат ќе се реализираат и дополнителни обуки за гаснење пожари.
-Сметаме дека со таа дополнителна обука овие лица кои и претходно имаат познавање од гаснење пожари, ќе можат веднаш да настапат во ситуација на појава на зараза меѓу припадниците на ТППЕ, со што граѓаните ќе останат заштитени во однос на евентуалната појава на пожари, додаваат надлежните.
Од останатите насоки надлежните апелираа до Државниот инспекторат за земјоделство, ПЕ Делчево за информирање на граѓаните околу забраната на палење стрништа, како превентива од појава на пожари од поголеми размери во наредниот период. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана

Приведени двајца криумчари од Скопје – превезувале мигрант од Турција

Левица ја води правната битка против АВМУ: „Сите се прогласуваат за ненадлежни, но правдата ќе ја бараме во Стразбур“