Утрински Весник
Македонија

Седуммина се движеле за време на полицискиот час во Тетовско

Седуммина се движеле за време на полицискиот час во Тетовско

Тетово, 5 април 2020 (МИА) – Седум лица, од кои две малолетни, се евидентирани од полициските службеници на СВР Тетово како прекршители на одлуката за ограничено движење во периодот од 7 часот вчера до денеска утринава во 7 часот. Сега веќе вкупно 92 лица се евидентирани за непочитување на полицискиот час.

-Од седумте лица, двајца се малолетници. Еден од малолетниците добил опомена, додека останатите шест се приведени во полициска станица, земени им се податоци и за нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во самоизлозација со потпишани изјави сега има 16 лица, додека 121 имаат решенија за изолација, издадени од Државниот санитарен инспекторат.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Предлогот Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕР

Тошковски: „Не се напаѓа оној што не работи — толкава сила се крева само против оној што менува нешто” 

Хаос во Скопје: Со автомобил неколку пати намерно удрил во мотоциклист