Утрински Весник
Македонија

МВР билтен

Во сообраќајка тешко повредена старица од Пехчево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 5 април 2020 (МИА)В.Р.(27) од Скопје, вчера во 16:50 часот во Полициската станица Центар пријавила дека на Кеј “13 Ноември“ во Скопје била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека се вратила дома А.А.Д.(33) од село Пчиња, која на 02.04.2020 беше пријавена дека се оддалечила од семејниот дом.

Б.Д.(27) од село Јурумлери-скопско вчера во 15:00 часот пријавил дека околу 14:30 часот во село Јурумлери по претходно недоразбирање и расправија околу сообраќај бил физички нападнат од непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

Љ.М.(50) од Скопје, вчера во 13:50 часот пријавил дека истиот ден околу 13:15 часот на улицата „Лука Геров“ по претходна расправија бил физички нападнат од три непознати лица. Се работи на расчистување на случајот. вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари